Една од најубавите холивудски актерки Скарлет Јохансон по трет пат заплови во брачните води. И покрај пандемијата на коронавирусот, таа му кажа „да“ на нејзиниот свршеник, комичарот Колин Јост, со кого е во врска веќе три години.
Скарлет и Колин се венчаа минатиот викенд на мала свечена церемонија само со блиски членови на семејството и пријатели. Среќната вест на Инстаграм ја сподели организацијата „Meals on Wheels America”, која се грижи најсиромашните граѓани да не бидат гладни и им помага на постарите граѓани во изолација.

– Воодушевени сме што можеме да ја споделиме веста дека Скарлет Јохансон и Колин Јост се венчаа минатиот викенд на мала церемонија во семејниот круг, почитувајќи ги епидемиолошките мерки. Нивната желба на денот на нивната венчавка беше да им помогнат на најранливото население и на повозрасните граѓани во овие тешки моменти, обезбедувајќи ни поддршка, се наведува во соопштението.
Јохансон и Јост се свршија во мај 2019 година по две години врска. За комичарот од шоуто Saturday Night Live, ова е прв брак, а трет за 35-годишната актерка. Скарлет беше во брак две години со актерот Рајан Рејнолдс и три години со Французинот Ромен Дауриак со кого ја има ќерката Дороти Роуз.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















