Ситуацијата е на работ на ескалација: Украинските сили ја зазеле „сивата зона“, наскоро избива жестока војна?

912

Украинските сили ја зазеле практично целата „сива зона“ во Донбас, а ова го потврди советникот на претседателот на Украина, Јуриј Бирјуков.

„До неодамна под наша контрола држевме две третини од таа сива зона која што настана кога беше организирана воената акција во 2014-та година. Меѓутоа, сега таа зона практично целосно е во наши раце“, изјави Бирјуков за украинските медиуми.

Нешто претходно, претставници на сепаратистите на самопрогласената Луганска Народна Република, соопштија дека украинските сили имаат намера да ја заземат целокупната, таканаречена „сива зона“.

Тие тврдеа дека токму порад тие причини, деновиве украинската армија започнала да доведува воена техника и да распоредува војници во тој регион.

Таканаречената „сива зона“ претставува дел од земјата која што ги раздвојува украинските сили од про-руските сепаратисти кои што вршат терор на истокот на украина и ги контролираат самопрогласените и непризнаените републики на Доњецк и Луганск.

Границите на тие зони се утврдени со договорот во Минск, што значи дека било какво навлегување на сили на таа територија претставува прекршување на меѓународниот договор.

Набрзо откако се појави оваа информација, се огласи членот на Комитетот на Советот на федерацијата на Русија за одбрана и безбедност, Франц Клинчевич кој што истакна дека доколку украинската армија навистина навлегла во „сивата зона“, тоа значи дека во тек се подготовки за голема војна.

„Голема војна во центарот на Европа – тоа не е само украински проблем“, предупреди Клинчевич.