21-годишниот Џозеф Баена, син на легендарниот актер Арнолд Шварценегер, ги покажал своите мускули.
Баена објавил видео во кое ги стегнува мускулите на паузата во текот на тренингот, облечен во жолта маица и кратки црни панталони.
“Ова е само почеток”, напишал тој.
Обожавателите му делеле комплименти и порачале дека неодоливо потсетува на својот татко во младите денови кога бил професионален бодибилдер.
“Бебето Арнолд е спремно за Холивуд” и “Генетика на Терминатор”, пишувале следбениците.
Во едно интервју за “Men’s Health”, Шварценегер изјавил дека неговиот син тренира секој ден, но не сака да биде многу мускулест поради актерската работа во која најчесто има улоги во романтични комедии.
“На крајот, кога ќе има 30-35 години, ќе стане уште поголем и посилен и ќе снима повеќе акциони филмови”, изјавил славниот актер.
Џозеф е син на Арнолд Шварценегер и Милдред Баена, која работела како слугинка во домот на познатиот актер. Се зборува дека таа била блиска со Арнолд додека тој бил во брак со Мари Шривер.