Милан Калиниќ прозборе за тепачката: Актерот призна дека се кае

284

За време на гостувањето во ТВ-емисијата „Амиџи шоу“, актерот Милан Калиниќ првпат јавно ја искоментира тепачката за време на натпреварот во спортската сала „Пионир“ во Белград, кога му нанесе телесни повреди на еден навивач бранејќи го својот пријател.

Да можам да го вратам времето, не би постапил исто. Повторно би скокнал да го одбранам пријателот, но не би се степал. Тоа нека им биде пример на младите луѓе како не треба да реагираат во такви ситуации. Не би зборувал повеќе на таа тема“, кратко искоментира Мила.

Фото: РАС Србија