Силна зимска бура провеа со дожд и снег низ 39 американски држави

219

Силната зимска бура што провеа во САД вчера завеа во снег и во обилни дождови дури 39 американски држави на југот Средниот Запад, Средниот Атлантик и јужна Нова Англија, територија на која живеат повеќе од 200 милиони луѓе, пренесува „Спутник“.

Националната метеоролошка служба предупреди во вторникот дека глема зимска бура ќе ги зафати локациите од горниот дел на Средниот Запад до Источниот брег и дека значителни количества влага ќе се рашират северно и источно од Мексиканскиот Залив.

Невремето од северна Минесота преку Мисури и источниот и Средноатлантскиот регион може да донесе дури шест инчи снег. Во Њу Џерси, гувернерот Фил Марфи прогласи вонредна состојба во средата, а гувернерот на Пенсилванија, Том Волф, исто така, ги советуваше жителите да останат дома во средата.

Метеоролошката служба предупреди дека патувањето ќе биде многу тешко низ делови од Вирџинија и Вашингтон оваа недела и дека комбинацијата од снег, лапавица и смрзнувачки дожд може да резултира со изолирани прекини на електричната енергија во мрежата.

Федералните канцеларии беа затворени во средата во Вашингтон, а затворени беа и училиштата во поголемите градови од Минеаполис до Канзас Сити и источно во Филаделфија и главниот град. До средата попладне во САД беа откажани околу 2.600 лета, а повеќе од 2.000 биле одложени, покажува FlightAware.

Според weather.com, Омаха, Небраска и Сијукс Фолс, Јужна Дакота, до вчера веќе имало пет сантиметри снег, а мразот во округот Бун, Арканзас, остави без електрична енергија повеќе од 2.000 домаќинства.

Алабама, Мисисипи, Луизијана, Тенеси и Кентаки, исто така, се подготвуваат за обилните дождови во услови на предупредувања за поплави и вонредна состојба.