Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа Х по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори, се огласи ѝ претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски. Во неговата честитка упатена до професорката Гордана Сиљановска-Давкова на англиски и на украински јазик, стои:
„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа.“
Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик истакнувајќи го следново:
„Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ.“
Целата преписка помеѓу избраната претседателка, Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски, може да ја проследите на социјалната мрежа Х на следниот линк.







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)










![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)






















