Работниците во автомобилскиот концерн „Фиат“ ќе почнат штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус за 105 милиони евра, информираат од Синдикатот.
Според информациите, дел од сумата за неговиот трансфер ќе биде платена преку спонзорство од компанијата „Ексор“, сопственик на „Фиат“ и „Ферари“.
– Недозволиво е работниците во претпријатието да понесат економски рестрикции, а во исто време да се трошат стотици милиони за купување на фудбалер. Постојано ни се кажува дека времињата се тешки и треба да штедиме, додека чекаме да се пуштат новите модели кои сепак така и не доаѓаат. И додека работниците и нивните семејства ги затегнуваат ремените се повеќе, компанијата одлучи да инвестира многу пари во еден единствен човек. Чесно ли е тоа? Нормално ли е човек да заработува милиони, додека илјадници семејства едвај преживуваат до средината на месецот. Поради тоа објавуваме штрајк од недела, 15 јули до вторник, 17 јули, се наведува во изјавата на Синдикатот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











