Што ги правело среќни и дали навистина животот бил поубав и послободен во Југославија?

709

За помладите генерации зоборот Југославија нема никакво значење, но еве што велат постарите генерации:

-Беа времиња, кои никогаш повеќе нема да се вратат. Убави. Кога сите беа слободни, кога сите имаа. Со една плата се живееше убав живот, а можете да замислите со две или пак со повеќе. Денеска на моите внуци само им раскажувам, пробувам така за момент да се вратам назад кон тоа убаво минато, раскажува дедо Гоце од Скопје.

– Шетавме каде ќе посакаме. Работа имаше за сите. Имавме и пари. Бевме и среќни. Немаше луксуз како денеска, но сите беа задоволни и исполнети. Никој, никого не омаловажуваше. Сите бевме еднакви, вели Лиле.

– Се родив во Југославија, пораснав, се школував, се оженив… Имав се што ќе посакаше да има еден млад човек. А денеска? Моите деца немаат ни половина од тоа што имав јас, додава Никола.

Порано децата беа послушни и пристојни. Порано сите летуваа на море, сега само богаташите. Порано поквалитетно се храневме. Порано децата си играа во парк, денес седат пред компјутер или мобилен. Порано се знаеше…

Ви звучи познато? Ваквите размислувања се нарекуваат носталгија.

Вака ја почнува анализата авторот на текстот за Index.hr Ненад Јариќ Дауенхауер за феноменот на носталгијата, поконкретно за југоносталгијата на поранешните југословенски простори.

Носталгијата за „старите, добри времиња“ е стара колку и човештвото. Уверувањето дека минатото било подобро од сегашноста датира уште од древна Грција. Перцепцијата за инверзниот тек на историјата ја наоѓаме и во бројни други записи и митологии.

loading...