Штипски “БЕТОН” оди под стечај!

104

Судијката од Основниот суд во Штип, Маја Џорлева на донесе одлука на денешното рочиште да се отвори стечајна постапка за компанијата „Бетон“ АД Штип. Оваа одлука доаѓа по барањето на тројца доверители, односно фирми, пренесува Капитал.

Според извештајот на привремениот стечаен управник, трите фирми од Бетон побаруваат над 76 милиони 760 илјади денари или над 1.233.000 евра.

Судијката и портпаролот на Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова изјави дека на денешното рочиште присуствувале доверителите кои го доставиле барањето и привремениот стечаен управник.

– На денешното рочиште отворена е стечајна постапка врз имотот на должникот – градежната компанија „Бетон“ АД Штип. Оваа одлука за отворање на стечајна постапка ќе биде објавена во Службен весник. Одлуката ќе биде објавена и на огласна табла во Основниот суд во Штип, а стечајниот управник ќе ја објави одлуката и во два весници – истакна Неткова.

Откако судијата од Основниот суд во Штип ќе ја објави одлуката во Службен весник во рок од 15 дена, побарувања ќе може да достават и други фирми, банки, институции и вработени.

Стечајниот управник во наредниот период ќе има задача да направи и попис на команијата „Бетон“ со цел да ја утврди неговата вредност со која ќе се подмируваат побарувањата кон доверителите.

loading...