Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно со модното издание ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи.
Популарната Џеј Кеј во студиото на Кошутњак во Белград на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ , како што се и очекувало повторно пристигнала во супер секси комбинација и привлекла најголемо внимание.
По подолга пауза поради пандемијата од корона на почетокот на неделава продолжиле снимањата за шоуто, а Карлеуша се вратила во никогаш подобро издание.
Јелена на снимањето пристигнала во тесен цветен фустан, кој посебно го истакнал нејзиното бујно деколте.