ШЕСТ ГОДИНИ ЈА БАРАШЕ ПОЛОВИНА ДРЖАВА – еве во каква состојба ја најдоа

865

Пенелопе Инкс, на која и се изгуби трага кога имаше само 11 години, беше пронајдена на почетокот од овој месец во хотел во Медисонвил, Тексас, шест години откако исчезна. Девојчето, по кое се трагаше ширум миз Соединетите Американски Држави, е најдена во лоша форма.

„Го изеде првиот оброк. Таа одбиваше да јаде. Живееше на газирани сокови и на колачи. Таа е гладна и слаба. На 16 години, таа тежеше само 33 килограми. Таа е збунета, не знае кому да му верува и на кого не може да верува“, изјави Филип Клајн, приватен детектив ангажиран од таткото на Пенелопе.

Како што објасни тој, таа сега е згрижена од социјалните служби и по психо-физичката проценка ќе му биде вратена на нејзиниот татко за тој да се грижи за неа. Девојчето било киднапирано од нејзината мајка Хедер, фотомодел, откако таткото на Пенелопе го стекнало старателството над девојчето.

Хедер била во бегство шест години и користела голем број лажни имиња. Тинејџерката била спасена кога една жената која се претставила со лажното име што го користела Хедер Инкс, се јавила во полицијата за да го пријави нејзиниот поранешен сопруг, кој наводно се обидувал да ја труе.

Кога дознал дека Пенелопе е спасена, детективот Клајн почувствувал огромно олеснување и за таткото, но и за девојчето, „бидејќи тоа веќе не мора бега низ цела Америка со својата мајка, која во најдобар случај е криминалец и во најлош случај се однесувала ѕверски“.

Инспекторите влегле во траг на телефонски повик и ја пронашле Пенелопе напуштена и изгладнета во еден хотел „Дејз Ин“. Клајн и се заблагодари на полицијата: „Немам зборови за да опишам што направи Федералното биро за истраги. Немам зборови да им се заблагодарам на полицискиот оддел Медисонвил, Канцеларијата на Мерисон Карито, Шерифот, услугите на 911 диспечери и на сите што ги вклучија сензорите и помислија – имаме проблем овде. Ова би можело да биде таа“.

Фото: Србија Данас