Рашковски: Многу е евтино во Мексико, проверете на „Букинг“

507

Драги Рашковски, секретарот во кабинетот на премиерот, за ТВ24 истакнал дека Мексико никогаш не бил поевтин од сега, и дека тоа можело да се провери на „Букинг“.

Тој истакнал дека одморот му е планиран пред неколку месеци и дека не можел да знае што ќе се случува на политичката сцена во моментот.

„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна, истакнал секретарот во премиерскиот кабинет за ТВ24.

„Зошто Мексико? Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски. Проверете на „Букинг“. За 14 дена имате хотел со 4 ѕвезди за 350 евра“, додава Рашковски.