ШАРИЌ: КАКО БУГАРИТЕ ОД ТУРКИСКО ПЛЕМЕ СТАНАА СЛОВЕНИ!?

645

Бугарите се турскиско племе кое стигнува на Балканот во седмиот век. Не се знае колку биле, можеби биле десет иљади, а можеби и повеќе. Во првата бугарска држава, тие стари Бугари кои се турскиско племе биле малцинство, вели хрватскиот историчар Горан Шариќ, доктор по историски науки.

Според Шариќ, првата бугарска држава била спој на Бугарите и Аварите кои зборувале словенски јазик.

Интересно е кој јазик го затекнале Бугарите кога се доселиле на Балканот? Тие не го затекнале албанскиот, трачкиот или старогрчкиот јазик туку го затекнале словенскиот. Значи Бугарите доаѓаат во седмиот век на Балканот и го прифаќаат јазикот на староседелците, а тоа е словенскиот јазик, вели Шариќ.

Според Шариќ, во 19-от век Русија сака да ја формира Голема Бугарија. Тоа беше руски производ кој не успеа. Малцинството Бугари кои биле владеечки сталеж, биле роднини на Турците и Маџарите. Старите историчари и Маџарите ги нарекуваат Турци бидејќи и тие се дел од тие туркиски полемиња, објаснува Шариќ.

Разликата е во тоа што Маџарите ги маџаризирале Словените, а Бугарите биле словенизирани од мнозинското словенско население, смета Шариќ.

Бугарите се дојдени од Волга, можеби од таму им е името, и од таму доаѓаат во Тракија. Тие се малцинство во денешната бугарска нација, но самото име и тој идентитет е формиран во средниот век преку едно турскиско племе, објаснува Шариќ.

Дури подоцна со помош на Русите во процесот на ослободување од Турција, Бугарите ја градеа својата нација на словенски корени.

Денешните докази покажуваат дека Словените биле на Балканот пред седмиот век а според повеќето докази тие биле тука и во антиката. Според мене, Словените се староседелци на Балканот или тие се Индијанци на Балканот, објаснува Шариќ.

Според Шариќ, толку големи сили дошле на Балканот и не успеале да го наметнат својот јазик. Римјаните биле тука три века, Турците биле пет века и тие не успеале да го наметнат својот јазик, а тоа успеале да го направат Словените. Со која сила и со која војска тоа го направиле Словените? Рим бил неколку века супер сила во светот и не го наметна латинскиот јазик. Турците биле супер сила и не го наметнале турскиот јазик. Словените немале моќна држава, а за помалку од сто години го наметнале својот јазик.

Најголемото копнено царство на сите времиња биле Монголите. Тие на врвот на својата моќ под опсада држеле неколку градови во Далмација и ниту еден не освоиле, а Словените ги освоиле сите градови. Без да имаме историски, археолошки или траги во предавањата кои тоа го кажуваат и докажуваат, додава Шариќ.

Имаме преданија за илирската кралица Теута, за римскиот цар Трајан, но немаме за водачот на Словените што ги водел и донел на Балканот. Кој бил тој? Како се викал? Нема траги за тоа.

Ако ние во Макдедонија, пред 2000 години, имаме град кој се вика Била зора нека ми објасни некој што на антички македонски јазик значи зборот била и зборот зора. Значи тоа што е единствено можно, а тоа е бела зора, додава Шариќ.

Тоа значи дека Словените биле староседелци на Балканот. Тие се на Балканот повеќе од десет илјади години и тие се дел на таа прва европска цивилизација.

Повеќе од 40 отсто од денешните Македонци влечат корени од античките Македонци. Тоа е автохтоно население на Балканот и денешните Македонци се нивни потомци или нивни наследници, заклучува Шариќ.

Повеќе може да погледнете на следниот линк: