Хрватската пејачка Северина наводно два часа била испрашувана во полиција поради пријавата на директорката на ОУ „Матија Губец“, Љиљана Клингер која тврди дека на 10 март добивала закани од Северина
Наводно пејачката од полиција си заминала во 12 и 30 часот, пишува јутарњи.хр
„Постапката е во тајност, потпишавме изјава за тајност и не можам ништо да ви кажам“ вели адвокатот Матиќ, а истото го изјави и Северина која била изненадена кога ги видела новинарите пред полициската станица.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/СЕВЕРИНА/ИНСТАГРАМ
Љиљана Клингер, директорката на училиштето во кое учи заедничкиот син на Северина и Милан Поповиќ. Настан кој Клингер го сфатила како закана наводно се случил на 10 март кога Северина заедно со сопругот Игор Којиќ околу 15 часот пристигнала по синот. Кога на Игор не му дозволиле да го земе синот, Северина наводно и порачала на учителката дека не е во ред тоа што го прават и дека ќе се видат на суд.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/СЕВЕРИНА/ИНСТАГРАМ
Токму ова предизвикало страв и несигурност кај директорката, па одлучила да ја пријави Северина.
Меѓутоа, тој ден таа во училиштето пристигналa со весник во кој се наоѓал текст за Милан Поповиќ. Како што пренесуваат медиумите, Северина не изговорила ниту еден збор кој може да се смета за закана.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/СЕВЕРИНА/ИНСТАГРАМ
За потсетување, Северина во ноември претходната година го изгуби старателството на синот Александар кој сега живее со неговиот татко Милан Поповиќ, а поради пандемијата со коронавирусот Северина повеќе од два месеци го нема видено синот.