Сериозни обвинувања до Вујовиќ: Сака да игра покер со играчите и им бара по 300 евра…

630

Веселин Вујовиќ го поминува еден од најтешките периоди во тренерската кариера. Црногорецот остана без селекторската функција во репрезентацијата на Словенија, поради испадот за време на тајм-аутот на ППД Загреб. Тој беснееше кон своите играчи, а на еден од нив му порача „да умре, за да не го гледа повеќе“.

оа беше доволна причина раководството на словенечката селекција да донесе одлука да му врачи отказ на 58-годишникот од Цетиње. Последните неколку дена спортските медиуми во Словенија се полни со реакции во врска со црногорскиот стручњак, а една од нив е дека тој често сакал да игра покер со своите избраници и тоа за големи суми на пари.

„Ужива во играњето покер, но не игра само за забава и релаксација, туку и за убави суми на пари. Според нашите информации, секој што сакал да игра со него, морал да плати 300 евра за да влезе во игра, а со вакви практики се очекувал да создаде свој круг на популарни играчи. Оној кој не учествувал во игрите, Вујовиќ го казнувал со неговите контроверзни „тренерски техники“ на тренинзите и натпреварите, како во случајот со словенечкиот ракометар Алекс Влач. Играњето покер со „уцена“ често се случувало при подготовките на словенечката ракометна репрезентација“ , пишува „Nova24TV“.

Вујовиќ е познат на ракометната јавност како контроверзен лик, и како играч, и сега како тренер. Неговата пасија и темперамент повеќе му прават проблеми, отколку што му помагаат во обидот да се наметне како авторитет кај своите ракометари.