Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села поради болки во градите од синоќа е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Од партијата велат дека здравствената состојба на Села е стабилна.
Тој прво бил примен во охридската болница, но потоа бил префрлен на скопските клиники. За ова информира и партискиот портпарол Флакрон Беџети на Фејсбук.
– Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности – напиша Беџети на Фејсбук.
Според информации на Плусинфо, Села сѐ уште е на Клиниката за кардиологија во Скопје.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















