Новиот вид на коронавирус предизвика голема загриженост во Англија, а научниците и медицинските лица континуирано работат на утврдување на изворот и симптомите на новиот мутиран вид.
Покрај трите најчести симптоми на Ковида-19 – треска, сува кашлица и губење на чувство за мирис и вкус, идентификувани се седум други симптоми кои можат да бидат поврзани со новиот вид на коронавирус. Тоа се замор, губење на апетит, главоболка, дијареја, осип, ментална конфузија и болки во мускулите.
Поради новиот вид на коронавирус, Велика Британија воведе нови ограничувања за спречување на ширењето на вирусот, а некои европски земји ги затворија своите граници со Велика Британија.
Но, за да се заштитите, треба да се придржувате до пропишаните мерки, како што се носење маска, одржување на физичко растојание и редовно миење на рацете.
Прочитајте повеќе за ковид-19 и последиците од пандемијата во земјата и светот на страницата Коронавирус.