Екипата на Нант за која настапува македонскиот капитен Кирил Лазаров го победи актуелниот европски шампион Монпелје со 31:28.
Во дуелот од четвртото коло на францускиот шампионат одигран синоќа, Лазаров постигна седум голови и беше втор стрелец во својот тим.
Покрај Лазаров, во победничкиот тим се истакна Клер со девет погодоци.
Нант е лидер на табелата со максимални осум бодови колку што има и Шамбери.
Монпелје со шест бода е на четвртата позиција.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















