Најмладата милијардерка во светот ги потресе своите фанови откако на социјалната мрежа Инстаграм се појави нејзина фотографија на која таа е потполно гола и прелиена со крв!
Благодарение на нејзиниот козметички бренд „Кајли козметикс“, Кајли Џенер , стана најмладата милијардерка во историјата. Таа сега одлучи да направи несекојдневна стратегија, за промоција на истиот.
Во духот на „ноќта на вештерките“, Џенер ја најави својата нова колекција, така што позираше без облека, прелиена со крв. Овој потег нејзината публика, а особено следачите на Инстаграм ги остави без текст.
Најчестите коментари беа дека овој пат навистина претерала. „Ова е болно“, „Делуваш како некој да те искасапил“, „Добро, кој ли те убеди дека е ова добра кампања?“
Сепак околу 10 милиони луѓе ја поддржаа оваа нејзина кампања, ако земеме во предвид дека и негативните коментари значат дека е таа е денес главна тема, целта е постигната.