Неколку возила паднале во реката Тарн, откако се срушил мост во близина на францускиот град Тулуз.
Спасувачките екипи моментално трагаат по преживеани, но допрва ќе биде објавен билансот на жртви и повредени во несреќата која се случила во 8:30 часот утрово.
Како што пренесуваат француските медиуми, 15-годишно момче загинало, меѓутоа тоа не е официјално потврдено од надлежните власти. Тинејџерот бил во автомобил со своите родители кои успеале да преживеат, а засега не е познато каква е состојбата на возачот на камионот.

Неофицијално, камионот не смеел да помине низ мостот поради неговата огромна тежина, па веројатно тоа е причината за колапсот на мостот. Исто така, не е познато колку точно возила моментално се наоѓаат под површината на водата.
Околу 80 пожарникари моментално работат на извлекување на возилата, ангажирани се и спасувачкки екипи кои пребаруваат долж течението на реката, а локалната полиција ги блокираше околните патишта.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















