Се развела од сопругот и ослабела 94 килограми за да го заведе Роналдо

880

Русинката Марина Богомолова која живее во градот Пенза е еден од најогнените фанови на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Освен што го преуредила целиот дом, односно го декорирала со фотографии од фудбалскиот ас, таа отишла и неколку чекори понатаму – се развела од сопругот, ослабела 94 килограми и научила англиски јазик. Освен тоа, Марина дури и запишала школа за фудбал каде научила да жонглира.

“Пред половина година го оставив сопругот. Велат дека новата љубов не треба да трпи – решив да го заведам Кристијано Роналдо”, самоуверено изјавила Русинката.

Нејзината драстична промена во животот почнала кон крајот на 2017 година. Во текот на новогодишните празници, таа решила да се разведе, а освен што го напуштила сопругот, Марина се подложила на диететски режим на исхрана и за само шест месеци ослабела неверојатни 94 килограми.

“За време на празниците имав околу 209 килорами, а сега тежам 115. Но, нема да застанам тука – тренирам пет пати неделно”, истакнала таа.

Веќе неколку месеци посетува курс по англиски јазик, но се надева и дека Роналдо помалку разбира руски јазик.

“Бидејќи едно време Роналдо беше во врска со рускиот супермодел Ирина Шајк, мислам дека морал да го научи рускиот јазик. Ако не, јас го усовршувам англискиот, па така лесно ќе се разбираме”.

Освен изгледот на Роналдо, Русинката е воодушевена од неговата внатрешна убавина и хуманоста која, според неа, треба да ја поседува секој вистински маж.

“Кога бирате некого, секогаш се трудите да го изберете најдобриот. Затоа го избрав Роналдо. Тој е многу харизматичен и физички совршен, има добро срце и го интересира хуманитарната работа”, заклучила таа.