Се огласи сопругот на Тања Савиќ: „Јас сум ѝ сè на неа!“

149

По повод изјавата на фолк-пејачката Тања Савиќ дека нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ без нејзино одобрување ги однел синовите Максим и Ѓорѓе во Австралија и дека не ѝ дава да ги види ни преку видеоповик, се огласи и сопругот, кој со соопшти следново:

Јас не ја тепам Тања, белки, да беше така немаше да ме трпи олку години. Злобните луѓе ни прават проблеми. Тања ме информира за се’, никогаш не би смеела да ме излаже за нешто. Јас сум за неа се’“, изјавил Јованчевиќ за српските портали, и додал:

Децата и јас заминавме во Австралија поради нивната безбедност и се разбира дека ќе се вратиме во Белград кога ќе помине епидемијата на корона. Така се договоривме мојата сопруга и јас. Таа остана поради работните обврски“, порача Јованчевиќ