Се е подготвено за голем кам-бек на Мурињо

418

Откако стана јасно дека Жозе Мурињо остана без работа во Манчестер Јунајтед, започнаа голем број шпекулации околу тоа каде Португалецот би можел да пронајде нов ангажман.

Први кои се најдоа на мета се Интер и Реал Мадрид, Италијанците се погласно зборуваат за недовербата на управата на „Нероазурите“ кон Лучијано Спалети, а „Специјалниот“ им ја донесе најголемата радост во 2010 година освојувајќи ја тројната круна.

Сега се јави и „Ел Паис“ кој тврди дека Реал сака да го врати Мурињо на клупата во Мадрид по интерниот разговор на управата на клубот каде поголемиот дел се за негово враќање.

Истиот извор наведува дека генералниот менаџер на „Кралскиот клуб“ Хозе Анхел Санчез уште во октомври разговарал со Мурињо за можноста да ја преземе екипата, а сега би го сочекале и крајот на сезоната со цел да избегнат плаќање на обештетување кон Јунајтед во износ од пет милиони евра.

Реал на Мурињо му понудил годишна плата од 15 милиони евра што овој ја одбил, па набрзо пристигнала нова понуда од 20 милиони евра со ветување дека ќе биде мошне важен фактор во трансфер политиката на клубот.

А познато е колку Португалецот сака да се прашува кога станува збор за засилувањата…