Сања Барбика конечно влезе во студио, подготвува нов хит со Џамбо Агушев!

1674

Пејачката Сања Цинцева или како што многумина ја знаат, Сања Барбика,  после подолга музичка пауза деновиве влезе во студио. Имено, убавата струмичанка наскоро ќе ја изненади публиката со нов хит, а темата е снимена во студио кај Дејан Момировски.

Сања на социјалните мрежи објави неколку фотографии преку кои откри како минува снимањето, а друштво во песната и прави и маестралниот Џамбо Агушев со кој Сања е добра пријателка долги години наназад.

Текстот на песната го потпишува хит мејкерот Борче Нечовски, а пејачката накусо ни откри дека за фановите подготвува големо изненадување, но не сакаше да открива дополнителни детали.

„Со добар тим успехот е неизбежен, а за успехот многу наскоро ќе слушнете. Џамбо и Барбика – Хит мејкери!“, напиша пејачката под заедичката фотографија од тимот на „Инстаграм“.

Инаку, пејачката е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа одлично.