Сани Гроздановска ќе ви објасни какви се редот и правилата на кумановска свадба: „Молимо ги госте да не гу ваќав певаљку с’с мрсни прсти…“ (ФОТО)

303

Сања Сани Гроздановска не само што е една од најатрактивните македонски фолкерки, туку важи и за една од најдовитливите и најдуховити пејачки на естрадата.

Бујната кумановка неретко знае да направи шега на туѓа, ама и на своја сметка, а сето тоа да го сподели со своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

Така, откако деновиве Сани најпрвин се пофали каде ќе биде за Нова Година, сега сподели свадбено искуство од кумановска свадба! До душа пејачката не објасни дали искуството е лично или се работи генерална состојба, иако во една-две ситуации (читај: ставки) можеби се нашла и самата, а она останатото е само општа констатација.

Како родена кумановка, Сани објасни какви се редот и правилата и какви се’ пораки и предупредувања можеш да добиеш на кумановска свадба.

Сега правилата ги знаете, па ако се затекнете на свадба во Куманово или по некоја случајност станете кумановска снаа или кумановски зет, а не сте од Куманово, да си знаете што ве чека.

Празници се ближат, а со нив и многу претпразнични и празнични прослави, па затоа да ве потсетиме дека овој правилник има и еден исклучок, кој не важи само за на свадба: „Ако у кафану налетиш и на кумановску певаљку, сети се на задње две ставке“… од свадбениот правилник на Сани! Епа, ај нека е со среќа!

извор вистина.мк