Санчез посочи како Солскјер успеал да влијае и да го воздигне Јунајтед за 1 месец!

714

Пред да дојде норвешкиот тренер во Манчестер Јунајтед како алтернативно решение за „ѓаволите“ по заминувањето на Жозе Мурињо, сезоната беше скоро загубена, но тоа сега не изгледа така.

Манчестер Јунајтед успеа да оствари 6 победи во домашното првенство и на најдобар можен начин да се промовира како повратник за топ4 пласман оваа сезона.

Алексис Санчез е еден од играчите кои допрва треба да ја вратат формата со Оле Гунар Солскјер, па така, тој се обиде да објасни што точно сторил Оле Гунар Солскер, и која е всушност разликата која го вивна Јунајтед повторно во игра за топ4.

Играчите со Оле се исти како и со Мурињо претходно, но сега имаме поголем успех во нападот и се браниме подобро. Фактот што Оле зад себе има голема историја со овој клуб, доволно зборува. Неговата филозофија е јасна, да ја допрете топката, да ја контролирате играта и да постигнувате голови“.

„Можете да кажете дека неговата позиција на времето во Јунајтед била во нападот, но тој од нас бара подобро да се грижиме во нашиот пенал простор. Токму тоа е сегментот кој го подобри Јунајтед и донесе резултати. Единствената работа која менаџерот ни ја рече беше дека само ние можеме да го подигнеме клубот, дека се зависи од нас. Сега ситуацијата е различна, на Олд Трафорд има атмосфера, навивачите ни веруваат, има позитивна енергија кај сите, тоа не мотивира уште повеќе“, порача Санчез.