„Само секунда, ќе ве молам“: Овој претседател пред говорот на ОН си направи селфи…

611

Пред да го започне своето прво обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, 38-годишниот претседател на Ел Салвадор, Најиб Букеле побара од присутните „да причекаат една секунда“, па го извади телефонот и направи селфи.

„Верувајте ми, многу повеќе луѓе ќе го видат ова селфи, отколку што ќе го слушнат мојот говор“, изјави Букеле пред своето обраќање, повикувајќи ги Обединетите нации „да фатат чекор со времето“ и повеќе да се поврзат со младите во своите земји.

Поранешниот градоначалник на главниот град Сан Салвадор кој на власт дојде во јуни, често ги користи социјалните мрежи. Во својот говор после победата на изборите, изјави дека во тоа му помогнал многу Facebook Live и тоа било нешто што неговите политички противници не го сфаќале целосно.

После своето обраќање, Букеле ја постави фотографијата на Твитер на која се гледа како се смее пред логото на Обединетите нации.

„Можеби за неколку години, илјадници од нас нема да мора да патуваат во Њујорк за да се состанат во оваа зграда. Серијата на видеоконференција би чинела неколку стотина милиони долари помалку и сигурен сум дека би го постигнала истиот учинок, ако не и поголем“, изјави Букеле.