САД му го намалиле дипломатскиот статус на амбасадорот на ЕУ, „заборавиле” да го информираат Брисел

92

Администрацијата Трамп незабележано ѝ го намали дипломатскиот статус на Мисијата на Европската Унија во САД кон крајот на минатата година без да ги информира дипломатите за тоа.

Делегацијата на Европската унија во САД, која претходно уживаше статус на амбасадор на национална држава, била сведена на „меѓународна организација” некаде кон крајот на октомври или почетокот на ноември 2018 година, изјавија официјални претставници на ЕУ за „Дојче веле“ кој прв ја објави приказната.

За да биде поголема навредата, никој не ја известил мисијата за промената што станала очигледна на државниот погреб на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш, на почетокот од декември.

За време на церемонијата, амбасадорот на ЕУ, Дејвид О’Саливан, не бил повикан во вообичаениот приоритетен ред – кој почнува од амбасадород со најдолг стаж до најновиот амбасдор – според кој би бил во првите 20 или 30. Наместо тоа, О’Саливан бил повикан меѓу последните од повеќе од 150 странски претставници, вели неименуван официјален претставник на ЕУ.

По откривањето на неусогласеноста во протоколот, дипломатите на ЕУ контактирале со американскиот Стејт департмент, кој одговорил дека заборавил да ги извести за намалувањето на статусот. Оттогаш, статусот на Саливан бил вратен на старото ниво, барем привремено.

Мисијата на ЕУ доби статус на амбасада на нацијата во САД од страна на администрацијата на Обама во 2016 година. Покрај тоа што е очигледно потценување, ако се покаже дека е трајно, намалувањето на статусот од страна на Трамп би можело да значи дека дипломатите на ЕУ ќе имаат помала важност за протоколот и потешко ќе добиваат пристап до американските официјални лица.

loading...