Со брзиот начин на живот, се бориме да останеме во форма и здраво да се храниме, но не секогаш нѝ успева.
Но, што доколку ви кажеме дека постојат некои магични намирници кои го забавуваат стареењето и го чуваат здравјето на организмот? Еве кои се тие:
Јогурт – одличен извор на протеини и калциум кои помагаат при градење на мускулна маса и ги зајакнува коските. Полн е со добри бактерии кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.

Боровинки – богати се со антоцијанини на кои им се припишува “anti-age” ефект. Боровинките го спречуваат долгорочното оштетување на клетките и помагаат во одржување на чистата и блескава кожа.
Домат – содржи моќен антиоксиданс наречен ликопен кој штити од кожни болести. Антиоксидансите се борат со слободните радикали кои можат драстично да влијаат на кожата, предизвикувајќи создавање на брчки.
Црна чоколада – зрната какао содржат голем број на антиоксиданси во однос на било која друга храна. Овие антиоксиданси помагаат во намалување на штетата коja ja предизвикуваат слободните радикали.

Авокадо – витамините во природното масло од авокадо помагаaт во потхранување на кожата. Тие исто така ги исфрлаат штетните токсини од телото и делуваат како природен третман против акни.
Зелен чај – богат со витамин Ц, зелениот чај содржи моќни полифеноли кои ја штитат кожата од сончевите зраци и им овозможуваат на клетките побрзо да се регенерираат.
Куркума – куркуминот помага во борба против стареењето на зглобовите, мозокот и кај другите невродегенеративни состојби, вели студијата која исто така докажува дека овој зачин има својства против стареењето.

Црвено вино – антиоксидансите и хранливите материи можат да ги спречат болестите на срцето, штитејќи ги артериите и крвните садови, доколку се консумира умерено. Содржи и ресвератрол кој се смета за најдобра материја против стареењето.
Брокула – зеленчук полн со витамин Ц, бета-каротен и селен кои докажано го забавуваат процесот на стареење.
Маслиново масло – богато е со незаситени масти и омега-3 масни киселини кои се добри за срцето. Исто така содржи полифеноли кои помагаат во одржување на мазната кожа.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












