Руски научник: Омикрон може да се направи и вештачки

445

Новиот сој омикрон на корона вирусот технички е можно да се направи вештачки, но сакам да верувам дека такви работи не се прават, изјави директорот на рускиот научен центар „Вектор“, Ринат Максјутов.

„Технички не е проблем да се програмира сој со даден сет на мутации, но кому и зошто тоа може да му треба? Сакам да верувам дека никој во светот свесно не прави такви работи“, рече Максјутов.

Тој додаде дека центарот „Вектор“ веќе има добиено повеќе од 30 целосни геноми на новата варијанта на корона вирусот.

Според прелиминарните податоци, омикрон се шири три пати побрзо од делта и може да му биде сериозен конкурент и да стане доминантна варијанта во светот.

Мастјуков смета дека сè уште е рано да се каже дали омикрон предизвикува полесна форма на ковид.

Според претходните заклучоци на експертите, новиот вид може да зарази луѓе кои веќе биле заразени со корона вирусот, како и вакцинирани, додека симптомите варираат од замор до главоболки и болки во телото.