Сеќавање на Демерџиева за загинувањето на Гоце
Турската војска најпрво сакала да знае точно во која куќа е Делчев. За да ги заплаши селаните, бил убивен Стојан Попов, раководител на ВМРО во Баница, по што војниците започнале да палат куќа по куќа во селото.
Делчев, заедно со Михаил Чаков (кој преживува и ги зачувува неговите коски), Георги Радев, Димитар Гоштанов (кој загинува со Делчев и е погребан заедно во Баница) и другите ги напуштиле домовите на Георги Трендафилот и Запро Ципарев каде биле сместени негде околу десет часот претпладне.
Нивната намера била да стигнат до горниот крај на селото, до последната плевна на рамницата и оттука да се повлечат кон патот за Фрашани. Групата што ја предводел Делчев излегла на Бакарово гумно и останувало само да се мине една пољана. Сето тоа го гледала Катерина Демерџиева од Баница, која подоцна го раскажала како сеќавање за крвавиот настан во нејзиното село. Таа била сведок и на последните минути од животот на Гоце. Кога тој излегол на Бакарево гумно видел дека од другата страна се појавиле неколку турски војници, кои биле скриени зад нискиот камен yид на гумното. Според Демерџиева, Гоце прв стрелал кон војниците, но пред да залегне еден куршум му ги пронижал градите.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















