Роналдо им се јави на четири „Галактико“ члена и со пет збора ја опиша неповторливата ера

473

Легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо доста тешко се справува со досадата во овие тешки времиња кои се минуваат во самоизолација, па поради тоа, неповторливиот „Ил Феномено“ синоќа изрежира еден специјален видео разговор на социјалните мрежи.

Во неговото вклучување во живот, повик добија четири „Галактико“ члена од неверојатниот тим на Реал Мадрид, а во ситуацијата тоа беа Икер Касилјас, Роберто Карлос, Луис Фиго и Дејвид Бекам. Како иницијатор на возбудливиот разговор, Роналдо имаше прв збор, а покрај тоа што говореше за својата нова улога како претседател на Валјадолид, не пропушти да го искоментира и фамозниот „Галактико“ состав, а оваа неповторлива ера ја опиша со пет збора.

– Галактико етапата беше нешто уникатно! Галактико ерата беше најдобриот дел од мојот живот. Нема подобра комбинација од Мадрид како град и Мадрид како клуб. Мадрид е најголем во светот. За жал, повредите секогаш ми објавуваа војна, но со „Галактико“ етапата добив втор живот по титулата на Светското првенство со Бразил, – нагласи Роналдо.