РКЕ ќе одлучува за лиценца за трговија со природен гас на „Макстил“

959

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе одлучува за доделување лиценца за енергетска дејност трговија со гас.

На седницата ќе се разгледува Предлог – одлуката за издавања лиценца за вршење на енергетска дејност трговија со природен гас на Акционерското друштво за производство и трговија со производи на црна металургија „МАКСТИЛ“-Скопје.