Бразилските ореви се богати со минерали и витамини, протеини, масти, јаглехидрати и влакна и се сметаат за исклучително квалитетна намирница, особено поради невообичаено високата содржина на селен.
Во продолжение, ви претставуваме пет причини зошто треба да ги вклучите бразилските ореви во исхраната.
Ја подобруваат работата на срцето
Бразилските ореви содржат големо количество на здрави незаситени масти кои се поврзани со одржување на рамнотежата меѓу „добриот“ и „лошиот“ холестерол во организмот и подобрување на здравјето на срцето. Тие ги елиминираат опасните омега-6 масни киселини од телото и кардиоваскуларниот систем.
Високото ниво на цинк во бразилските ореви помага во чистење на кожата од акни. Маслото од бразилски орев е богато со витамини и антиоксиданси што ја негуваат кожата, а селенот ѝ дава на кожата здрав сјај и ја подобрува нејзината еластичност, со што се спречува прераното стареење.
Хранливите материи како влакната, протеините и сложените јаглехидрати ги прават бразилските ореви прилично квалитетна намирница. Во 30 грама бразилски ореви има околу 200 калории, па се советува да ги консумирате во ограничени количини. Умереното јадење може да помогне при слабеење.
Го поттикнуваат дигестивниот систем
Влакната го олеснуваат движењето на храната во дигестивниот систем и извлекуваат што е можно повеќе хранливи материи. Тоа исто така помага во спречување на создавањето на чир на желудник, запек, надуеност, грчеви и посериозни проблеми како рак на дебелото црево.
Антиоксидансите и органските материи кои ги содржат бразилските ореви помагаат во зајакнување на имунитетот. Селенот и цинкот во комбинација со витаминот Ц го стимулираат создавањето на бели крвни зрнца во организмот и на тој начин телото на природен пат се бори против слободните радикали. Сето тоа помага во спречување на многу хронични болести, вклучувајќи и рак и срцеви болести.