Добар секс или добар правопис – што ви е поважно при изборот на партнер?
Доколку може да му се верува на најновото истражување на страницата “Plenty of Fish”, лошата граматика и правописот за многумина се доволна причина за негативна оценка за потенцијалниот партнер.
Истражувањето било спроведено на 2 илјади лица, а дури 58 проценти од нив изјавиле дека лошиот секс им е помалку проблематичен од лошиот правопис.

Ова не е прв пат некоја страница за онлајн состаноци да ја спомене неписменоста како голем проблем – едно истражување од 2015 година кое го спровела страницата “Match.com” покажало дека правописот и граматиката кај потенцијалниот партнер е поважна од, на пример убавите заби или здравата доза на самодоверба.
Убаво е да се чуе дека во денешно време, кога се чини дека доброто селфи е нешто што им е најважно на луѓето, граматиката и правописот сè уште се помеѓу важните фактори при изборот на партнер.
Секако, под услов испитаниците да не лажат.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















