Ријана татко ѝ ја издал поради пари, ги преминал сите граници па морала да го тужи: Суровите работи кои ѝ ги правел никого нема да остават рамнодушен

1115

Популарната пејачка Ријана никогаш не му простила на својот татко кој заработувал на сметка на нејзините проблеми кога ги продал сите информации откако Ријана беше физички нападната од нејзиното момче Крис Браун во февруари 2009-та година.

Потоа тој отворил своја компанија која се вика исто какко линијата за козметикана Ријана, па се преправал дека нејзиниот агент ги потпишувал сите договори наместо неа, поради тоа морала да го тужи.

Поп ѕвездата признала дека срцето ѝ било скршено откако дознала дека некој од нејзиното семејство заработува пари преку нејзините проблеми.

„Сите ние често слушаме приказни дека луѓето многу работи прават позади грб па помислуваме: Не, тоа мене не може да ми се случи, моето семејство тоа никогаш не би го направило. Но, мојот татко на новинарите им раскажа многу лаги, зеде чек и потоа никогаш не ми се јави да ме праша како сум“ – изјавила Ријана.

Иако пејачката тврди дека нема желба да оствари контакт со него кој е поранешен зависник од дрога, Роналд тврди дека тој и неговата ќерка ги подобриле лошите односи.

Во некое интервју Ријана пред неколку години открила дека нејзиниот татко со години бил зависен од кокаин и поради тоа нејзините родители се развеле кога таа имала само 16 години.

„Најубавите спомени од моето детство поврзани се со мојот татко Роналд. Тој ме научи да пливам, да ловам риба, да јавам коњ… Благодарение на него станав посилна и поподготвена да се соочам со животните искушенија. Меѓутоа, тој беше далеку од совршен татко. Со години гледав марихуана и кокаин кај него, но тогаш не знаев што е тоа. Моите родители постојано се караа поради тоа, а мајка ми е силна жена, се обиде да направи сè што е во нејзина моќ за нас да нè заштити од наркоманските навики“, изјавила Ријана и додала:

„Меѓутоа, мама работеше, а татко ми по цел ден седеше дома и се дрогираше, а дури сега ми е јасно што Роналд правеше со часови во тоалет. На крајот, на мајка ми ѝ дојде преку глава и се разведе од него кога јас имав 16 години“ – раскажала Ријана, а признала и дека била втора мајка на своите браќа затоа што родителите биле во постојани расправии.