Реакции во САД на средбата Трамп-Путин

440

Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп по вчерашната средба со неговиот руски колега Владмир Путин во Хелсинки, да не ги поддржа заклучоците на раузнавачките служби на САД за руска вмешаност во изборите во земјата 2016 година, предизвика реакции во американската јавност.

На заедничката прес-конференција со Путин, Трамп истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за руското мешање во изборите ја нареле „катастрофа за нашата земја“.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, водечките политичари во САД бурно реагираа на ваквата изјава на Трамп,

Републиканскиот сенатор Линдзи Грем, член на Комитетот за вооружени сили, кој важи за поддржувач на Трамп, вчера изјави дека настапот на претседателот покажал слабост на САД.

– Претседателот испушти можност решитално да ја повика Русија на одговорност за мешање во изборите во 2016 година и строго да предупреди за можни такви обиди во идниа. Таквиот одговор на Трамп Русија ќе го оцени како знак на слобост и ќе создаде повеќе проблеми отколку решенија, оцени Грем.

Неговиот сопартиец, сенаторот Џон Меккејн изјави дека прес-конференцијата во Хелсинки била „еден од најсрамните настапи на некој американски претседател во историјата“.

– Тешко е да се даде оценка за штетите нанасени од наивноста на Трамп, неговата самобендисаност, лажното прифаќање на еднаквоста и симпатиите кон авторитарните лидери, напиша Меккејн на Твитер.

Еден од водечките републиканци во Претсавничкиот дом, Пол Рајан оцени дека нема никаков сомнеж оти Русија е вмешана во американските избори и продолжува со обидите за разнишување на демократијата во САД и низ целиот свет.

– Нама никаква морална еднаквост помеѓу САД и Русија, која останува да биде непријателски расположена кон нашите основни вредности и идеали, додаде Рајан.

Републиканскиот сенатор од Аризона, Џеф Флејк, кој наскоро заминува во пензија и кој редовно критикува Трамп изјави дека никогаш не сум помислил оти „ќе дојде ден кога американски претседател ќе стои на иста сцена со руски претседател и ќе упатува обвинувања до САД за руската агресија“.

– Тоа е срамно, нагласи Флејк.

Реакции дојдоа и од кампот на демократите. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека Трамп „повеќе му верува на човек од КГБ, отколку на службите на ЦИА“.

– Претседателот ги стави лични интереси над безбедноста и прогресот на САД, изјави Шумер.

Демократската сенаторка Елизабет Ворен, која најави дека палнира да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2020 година, објави дека на меѓународно поле Трамп „ја срами Америка“.

– Тој ја поткопува вербата во нашите институции и врши напад врз нашата демократија. Путин треба да биде повикан на одговорност, а не да се наградува. Срамно, додаде таа.

Нејзиниот сопартиец, сенаторот од Вирџинија, Тим Кејн, кој беша кандидат за потпретседател на САД на изборите во 2016 година, настапот на Трамп го оцени како „тажен и засрамувачки момент“ за земјата.

Поранешниот директор на Националнаото разузнавање во времето на претходниот американски претседател Барак Обама, Џемјс Клапер,во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека претседателот на САД всушност капитулирал.

– По се изгледа тој се обесхрабри од Владимир Путин. Тоа беше емоционална и многу непријатна слика, рече Клапер,

Актуелниот раководител на Националното разузнавање Ден Коутс, пак изјави дека службите дале „многу јасна оценка за руската улога во изборите во 2016 година и континуираните и упорни обиди на Русија за поткопување“ на американската демократија.