Додека светските лидери се собрале во Париз на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна, две лица се нашле во Грац.
Тие се сретнале за да го одбележат атентатот кој бил повод за започнување на војната.
Анита Хохенберг, праправнука на австрискиот надвојвода Франц Фердинанд, и Бранислав Принцип, потомок на Гаврило Принцип, си продале рака во рамките на настанот наречен “Ракување за мир”.
“Ова е нивна прва средба. И беше емотивна”, рекол организаторот, австрискиот уметник Игор Петковиќ.
Тој во Грац организирал низа културни настани по повод стогодишнината од завршувањето на војната и ги повикал најблиските роднини на двете семејства, кои биле директно вмешани во неговиот почеток.
Гаврило Принцип го убил австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија во Сараево на 28. јуни 1914. година.
Еден месец подоцна, Австроунгарија и објавила војна на Србија со што започнала Првата светска војна и на крајот завршила со распад на Хабсбуршкото царство.
Сто години подоцна, Анита Хохенберг управува со семејниот дворец Арстетен, каде Франц Фердинанд и Софија биле погребани, а Бранислав Принцип во Србија се занимава со филм.