Apple објави листа на најпопуларни апликации за 2018 година

185

Компанијата Apple неодамна објави листа на апликации кои беа најпопуларни оваа година.

Апликацијата YouTube е на првото место и ги надминала моќните ривали како што се Facebook, Instagram, Snapchat и други. Минатата година, YouTube се најде на третото место зад апликациите Bitmoji и Snapchat. Сепак, оваа година Snapchat падна на третото место, а Bitmoji дури на шестото, додека Instagram се искачи на второто место.

Меѓу 20-те најпопуларни бесплатни апликации за 2018 година се YouTube, Instagram, Snapchat, Messenger, Facebook, Bitmoji, Netflix, Google Maps, Gmail, Spotify Music, Amazon, Uber, WhatsApp Messenger, Pandora, Wish, TikTok, CashApp, Google Photos, Google Chrome и Twitter.

На листата нема големи изненадувања, но сепак е воочливо дека YouTube е попопуларен од Instagram и Snapchat и стана апликација со која апликациите на социјалните мрежи можат сериозно да се натпреваруваат. Претходно оваа година беше спроведена анкета чии резултати покажале дека YouTube е најпопуларна апликација помеѓу тинејџерите.

Кога станува збор за апликациите кои се плаќаат, најпопуларни се апликациите кои се наменети за уредување на фотографии, а првото место веќе втора година по ред го зазема Facetune. На второ место е апликацијата за специјални ефекти наречена Kirakira+.

Apple објави и листа на 20-те најпопуларни бесплатни игри, а истата ја сочинуваат Fortnite, Helix Jump, Rise Up, PUBG Mobile, Hole.io, Love Balls, Snake VS Block, Rules of Survival, ROBLOX, Dune!, Subway Surfers, Episode, Word Link, Toon Blast, Color Road!, HQ Trivia, Twisty Road!, 8 Ball Pool, Kick the Buddy и Sniper 3D Assassin: Gun Games.