ДИК ПРЕСЕЧЕ – РЕФЕРЕНДУМОТ Е НЕУСПЕШЕН, ОДЛУКА НЕ СЕ УСВОЈУВА, НЕ Е ПОСТИГНАТ ЦЕНЗУС !!!

0
7834

Државната изборна комисија на прес конференција ги објави резултатите од 100% обработен материјал од вчерашниот референдум. Според статистиката, на референдумот гласале 666.743, односно излезноста процентуално била 36,91%.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на прес конференција го соопшти извештајот на ДИК во кои стои дека одлуката не се усвојува, бидејќи не е исполнет цензусот на референдумот да излезат над 50% од запишаните гласачи. 

Државната изборна комисијата соопшти дека Одлуката за референдумот не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината гласачи запишани на Избирачкиот сиспик. Одлуката за резултатите од референдумот ќе биде објавена во Службен весник и ќе биде доставена до Собранието.Извештајот со резултатите од гласањето најдоцна 15 дена од денот на нивно објавување ќе биде објавен во службен весник и иститот ќе биде испратен и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, додаде претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.

„Член 30, став 1 во Законот за референдум вели дека одлуките на референдум се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број гласачи запишани во Избирачкиот список освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој Закон поинаку не е утврдено. Што значи согласно овој член потребно е исполнување на двата кумулативни услови за да се донесе одлука на референдумот. Во овој случај  на референдумот не е донесена одлука – рече Дерковски.

Од нив, ЗА гласале 91,46% од излезените гласачи, односно 609.813 граѓани, а ПРОТИВ биле 37.700, што процентуално изнесува 5,65%.

2,89% отпаѓа на неважечки гласачки ливчиња.

Одзивот од 34,72 отсто од вкупниот број запишани гласачи во единствениот избирачки список јасно покажа дека не е исполнет законскиот цензус за референдумот, кој ДИК го соопшти, а изнесува 50 отсто плус 1 гласач, за тој да биде прогласен за успешен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here