Пред Саудиска Арабија да ја урне цената на нафтата, принцот Мухамед и рускиот претседател Владимир Путин имале жесток телефонски разговор, буквално се дереле еден на друг, тврдат британски извори, повикувајќи се на Мидл Ист Ај (Middle East Eye).
Порталот, специјализиран за Блискиот Исток пишува дека тој разговор се претворил во „натпревар по урлање“, а се случил наводно на 6 март, непосредно пред состанокот на ОПЕК, на кој немаше договор за намалување на производството на нафтата, по што се случи досега невиден колапс на цената на црното злато.
Според Мидл Ист Ај, принцот Мухамед му се заканил на Путин дела ќе започне ценовна војна на нафтата ако нема договор меѓу нивните две земји. Ваквиот ултиматум Путин нормално го одбил и разговорот лошо завршил, изјавил извор за порталот.