Прв пат кога се заразив со Ковид-19 бев добро, вториот пат беше пекол: Оваа жена одвај останала жива

98

Лесли Танјан од САД, два пати минала низ борбата со коронавирусот. Во текот на првата зараза во јуни, вели дека одвај забележала дека нешто не е во ред со неа.

Сепак, само неколку недели подоцна се нашла во болница на интензивното одделение борејќи се за живот.

Коронавирусот и оставил страшни оштетувања на белите дробови.

Лесли со Ковид-19 се заразила во јуни и во август. На интензивна нега минала три недели пред да се пресели во дом за нега, за да го има потребното внимание на веќе тешко оштетените бели дробови, пишува “Mirror”.

Првата зараза ја опишува како одвај забележена, додека за втората вели дека речиси ја убила.

Првата средба со вирусот ја минала “на стоење”, без никакви маки. Но, само два месеци подоцна, повторно и се слошило и била итно пренесена во болница на интензивна нега.

Лесни наивно, како и многу други, по првата зараза верувала дека барем неколку месеци е имуна на коронавирусот. Ни самите лекари два месеци по првата зараза не ја тестирале повторно, бидејќи верувале дека Ковид-19 не е причина за нејзината состојба.

“Не можев да дишам”

Втората инфекција дошла брзо и неочекувано.

Не знаела дека се заразила, а имала најтешки симптоми.

“На сопругот му реков дека мораме итно да одиме во болница. Не можев да дишам. Кислородот во белите дробови брзо исчезнуваше па кратко после тоа паднав во несвест”, вели Лесли.

По борбата за живот, Лесли, за превенција, два пати била тестирана на Ковид-19 и два пати негативно, но морала да мине еден месец во дом за долготрајна нега поради белите дробови кои и биле во катастрофална состојба.

Заразени 8,24 милиони Американци

Коронавирусот досега заразил 8,24 милиони Американци, а починале повеќе од 220.600.

Моментално во налет е вториот бран на пандемијата, а бројките на заразените и починатите растат од ден во ден.