Дара Бубамара ужива во љубовната врска со 23 години помладото момче Тони, поточно Марко, бидејќи се воспостави дека името на нејзиниот сакан не е Тони.
Вљубените гулапчиња пред два дена се вратија од Турција, каде што беа на краток одмор, а по слетувањето на белградскиот аеродром ги сними телевизијата „Пинк“.
Очигледно фолк-пејачката не штедела во Турција, па во Србија се врати со неколку куфери.
Во видеоснимката што беше емитувана на телевизијатасе гледа како познатата пејачка ги турка тешките куфери, додека нејзиното момче оди пред неа со торба преку рамето. Интересно е тоа што претходните партнери ја чуваа Дара како да е кралица, додека, пак, нејзиниот млад љубовник не го тангира тоа што саканата се бори со товарот зад неговиот грб.

Фото: Youtube Printscreen/Pink TV