“Продорната група” на ИСИС е составена исклучиво од Косовари: Важат за најсурови џихадисти

82

Овие војници минале обука и се одлично подготвени.

Некои жители на Косово кои се приклучиле на Исламската држава во Сирија и натаму се активни. Групата која делува во Сирија, а е дел од ИСИС, наречена е “продорна група”, и позната е како етнички чиста група која воедно е и најсурова.

“Овие војници минале воена обука и се одлично подготвени”, пренесува “Gazeta Metro” и додава:

“Последното активно присуство на џихадистите од регионот во Сирија е етничка албанска единица во рамките на ХТС. Албанската заедница под име “Катиба”, што значи борбена единица, ја сочинуваат албански борци кои делуваат околу северозападната сириска провинција Идлиб”.

Останатите борци со потекло од Западен Балкан кои учествуваат во војната во Сирија се обединети со другите единици, додека Албанците се држат како етнички чиста заедница.

За разлика од другите земји, каде се предвидуваат високи казни за таквите борци, Косово е прилично толерантно во тој поглед, а казната која е таму предвидена е три и пол години затвор.

Во склад со тоа, 40 проценти од оние кои на Косово се осудени за тероризам, веќе се на слобода.

Извештајот од безбедносните агенции од 2018-та година дава прилично чиста слика за тоа колку албански државјани се бореле за ИСИС во конфликтните зони во Сирија и Ирак.

Според податоците, 144 лица од Албанија се приклучиле кон ИСИС. Податоците се шокантни со оглед на тоа дека меѓу нив има 79 мажи, 27 жени и дури 38 деца. Според извештаите на агенциите, во Сирија и Ирак биле убиени 26 албански борци.

45 од нив повеќе не учествуваат во војната, а 73 и натаму се наоѓаат во зоната на судири.

Обединувањето на Албанците од терористичките групи ИСИС и Ал Нусра почнало во 2012-та година. Во 2014-та бил намален бројот на албански државјани кои одат во воените подрачја поради тоа што обвинителството и полицијата извеле акција во која била уапсена група од 11 лица кои пропагирале шеријат и ги повикувала верниците од муслиманска вероисповед на поход во војна.

loading...