Над 200 милиони Американци ќе се најдат на удар на голема бура која ќе донесе обилни врнежи на снег и дожд, како и екстремно ниски температури.
Зимската бура „Петра“ ќе погоди дури 39 американски сојузни држави, вклучувајќи ги сите сојузни држави источно од реката Мисисипи, пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на извори од тамошните метеоролошки служби кои деноноќно ја следат ситуацијата.
Метеорологот Елиот Абрамс за американските медиуми изјави дека голем дел од Соединетите Американски Држави ќе биде погоден од обилни врнежи на снег.

Големата бура уште во понеделникот донесе големи врнежи на снег во сојузните држави Аризона, Колорадо и Ново Мексико, додека вчера сојузната држава Арканзас беше погодена од обилни дождови и ниски температури.
Како што предупредуваат метеоролозите, врнежи на снег може да се очекуваат во Канзас Сити во Мисури, потоа во Омаха во Небраска, Де Мојн во Ајова, како и во поголемите градови како Минеаполис во сојузната држава Минесота.

Посебна опасност за граѓаните ќе претставуваат студените дождови и мразот во Охајо и Пенсилванија, како и на планините во Западна Вирџинија, Вирџинија и Северна Каролина.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















