Албанскиот премиер, со видеопорака, ги повика граѓаните да не ризикуваат затоа што коронавирусот не е исчезнат
Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку порака на Фејсбук, се закани дека повторно ќе воведе забрана за движење, по наглото зголемување на бројот на случаи на заразени со новиот коронавирус.
Рама оцени дека зголемувањето на бројот на новозаразени е последица на игнорирање на препораките на здравствените власти. Тој ги повика Албанците да ги почитуваат правилата на социјално растојание и да носат маски и ракавици.
Рама нагласи дека владата може да воведе рестриктивни мерки.
„Гледате дека расте бројката на заболени. Исто така, се зголемува и бројката на оние што се лекуваат болнички. Она што е најзагриужувачко е дека ако трендот на новозаразени продолжи вака, не само што може да донесе големи штети по човечките животи и здравјето на секого, туку може да не врати назад да се затвориме се до пронаоѓањето на вакцината“,
нагласи Рама.
Поради вирусот во Албанија, границите беа затворени околу два месеца, како и ресторани, кафулиња и други места за собирање. Ограничувањата беа олеснети пред повеќе од две недели, а во претходните три дена беше регистриран значителен скок на бројот на потврдени инфекции.
„Економијата паѓа и расте. Мртвите не можат да оживеат“,
рече Рама во видео порака на Фејсбук.
Албанија има регистрирано 1 385 случаи на инфекција и 35 смртни случаи од коронавирусот.