Прекрасна е слободата кога не мораш да ги оправдуваш сопствените постапки, да ги објаснуваш своите желби, да ги правдаш своите одлуки, туку едноставно на цел глас да кажеш: ДА, ТОА СУМ ЈАС!
Прекрасна е слободата кога не мораш да им објаснуваш на другите зошто твоите ставови не се како нивните и зошто не размислуваш како нив. Но, понекогаш, потребни се години додека да стигнеш до таа слобода, мора да пројде многу време што дури и ќе се чудиш што си правел сите тие години.
Прекрасна е слободата кога не мораш да се споредуваш со другите туку само кога ќе кажеш: Имам своја приказна и ја живеам, кога не мораш да се објаснуваш, туку само им велиш дека тоа е твој избор.
Прекрасна е слободата кога ќе бидеш искрен сам со себе во секое поле од животот, сфаќајжи дека не треба да се лажеш себеси за тоа што е важно, а што не е.
Прекрасна е слободата кога ќе надраснеш потребата да мислиш како другите, да зборуваш исто како другите и да се однесуваш како другите.
Прекрасна е слободата кога ќе станеш свесен за сегашноста сфаќајќи дека секој момент е подарок.
Прекрасна е слободата кога повторно ќе се сетиш на своите соништа и кога ќе сфатиш дека можеш да ги оствариш.
Прекрасна е слободата кога ќе почнеш да го споредуваш својот живот со она што си бил претходно и кога ќе сфатиш какви промени ти се случиле и колку уживаш во нив.
Тоа е прекрасна слобода и тоа им го посакувам на сите!







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)










![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)





















