Пред да стане пустина, Сахара била најопасното место во историјата на планетата Земја

125

Сахара пред 100 милиони години била најопасното место на Земјата, велат научниците.

Тим меѓународни истражувачи откриле дека африканскиот пустински регион некогаш бил дом на „жестоки предатори“, вклучувајќи летачки влекачи и ловци слични на крокодил, кои живееле во огромен речен систем.

Најголемата геолошка група што проучува скоро стогодишни фосили од карпести формации од кредата во југоисточно Мароко, позната како групата Кем Кем, откри дека таму живееле три од најголемите предаторски диносауруси.

Тоа биле кархародонтосаурусот, кој бил долг повеќе од осум метри, со огромни вилици и шилести заби долги и до 20 см.

Таму живеел и осумметарскиот делтадромеус, член на семејството грабливци со долги, тенки задни екстремитети, како и предаторските летачки влекачи, птеросауруси и ловци слични на крокодил.

Д-р Низар Ибрахим, асистент професор по биологија на Универзитетот во Детроит Мерси и вонреден истражувач на Универзитетот во Портсмут, рече: „Ова е веројатно најопасното место во историјата на планетата Земја, место каде што некој човек-патник низ времето не би преживеал долго.“

Коавторот на научниот труд објавен во списанието ЗуКис, професорот Дејвид Мартил, од Универзитетот во Портсмут, објасни дека предаторите се хранеле со изобилството од риби.

„Ова место било исполнето со апсолутно огромни риби, меѓу кои и џиновски целаканти и дводишалки или белодробни риби. На пример, целакантот бил можеби четири, па дури пет пати поголем од денешниот целакант“, објаснува тој.

„Има огромна слатководна пилоносна ајкула наречена онхопристис со најстрашните заби – тие се како боцкави ками, но блескаво сјајни“, вели Мартил.

Ако диносаурусите не изумреле, дали можеле да развијат цивилизирано општество

Астероидниот удар што ги уби сите диносауруси (освен птиците) се случи пред 66 милиони години. Знаеме дека многу видови диносауруси тогаш сè уште напредувале. Меѓу нив се малите, брзи, смртоносни грабливци ‘раптори’ како велосирапторот, кои имале големи мозоци и остри сетила и веројатно биле исто толку паметни како денешните кучиња и мачки, вели Би-би-си саенс.

Ако не умреле, туку продолжеле да се развиваат, можеби ќе развиеле уште поголеми мозоци и поостри сетила. А со оглед на милионите години еволуција, можеби тие ќе го презеле патот на приматите, на крајот развивајќи употреба на алатки, софистицирана комуникација, па дури и комплексни општества. Никогаш нема да знаеме, но теоретски е можно, вели Би-би-си саенс.