Познатата актерка не личи на себе: Ја нападнаа домашните кучиња, а докторите морале да и вградат и шина во раката (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

329

Хедер Елизабет Паркхерст завршила со тешки повреди на раката во болница откако била нападната од своите домашни миленици, кучиња од расата пит бул.

По нападот во раката на Хедер лекарите морале да и вградат шина за да ги поврзат скршените коски и скинати лигаменти.

Екс Плејбој зајачицата и актерка во својот дом во Лос Анџелес чува два пит була . Хедер го галела осуммесечното куќе Бејби, кога осумгодишниот Буда почнал да рже, како да е љубоморен. Пит булите почнале да се напаѓаат, а Хедер ја испружила раката за да ги раздвои кучињата и да ја прекина нивната борба, но, за малку ќе останела без раката.

Убавата зајачица во тој инцидент добила тешки повреди на раката, скршени коски, скинати лигаменти и длабоки расекотини. Раката морала да и биде оперирана и да и се вгради шина.

-Ќе и биде потребна најмалку една година за да заздрави, но Хедер сепак не се откажува од своите кучиња. Таа е голем борец за нивните права и ги сака животните. Сигурно нема да се откаже од Бејби и Буда, изјавил нејзиниот партнер Марк Нејсон.