Составот “Архангел” деновивве го промовираа новиот сингл “Пинокио” за кој снимија и видео.Темата која пред две години во живо беше најавена во рамки на нивниот настап на “Таксират” конечно доби свое официјално претставување во јавноста, а зад музиката, лириката и аранжманот на „Пинокио“ се потпишува Ристо Вртев. Режисер на спотот, пак е Иван Вртев, во кој како актери се појавуваат: Петар Стевановиќ, Славен Арсовски и Иван Вртев, а во продукција на „Аурелио“ и „Томато“.
Покрај објавувањето на синглот, Архангел годинава се актуелни и со веќе потврдениот настап како предводници на програмата на Д Фестивал во Дојран. Посетителите ќе имаат прилика да го чујат и новиот сингл во живо, но и да бидат почестени со поинаква програма.
Инаку, легендарната рок група чиј врвен музички квалитет е константа низ повеќе од три децении, е едно од најголемите музички имиња од нашата сцена на сите времиња. Со завидна колекција на антологиски хитови и албуми кои ја одбележуваат македонската сцена уште од деведесеттите години, составот константно ја потврдува својата музичка величина и ненадминливоста на музичките граници кои ги поставува. Групата оформена во 1988 година од страна на Ристо Вртев, во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), „Heart Core“ (1998) и „Небесна машина“ (2003).
Станува збор за едно од малкуте музички имиња кои со своето творештво оставија најзначаен белег на современата музичка сцена на Македонија и одбележаа генерации чија младост одекнува преку нивната музика.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















